House of Pride
H Litter - Borsalino Beauty Gremlins x Moni From House of Pride
1 male and 3 females


Male

Female 1

Female 2

Female 3


Moni From House of Pride

Хотел за кучиња
Во склоп на одгледувачницата "House of Pride" ви нудиме професионална услуга за вашите миленици (исклучиво кучиња) .
Можете слободно да ни ги доверите вашите миленици за кои професионално, квалитетно и со големо внимание ке се грижиме додека претстојуваат кај нас.
Сместувањето може да биде во:
- надворешни боксови
- внатрешни боксови кои се климатизирани (топло,ладно) и со добра вентилација
- постојан ветеринарен надзор - амбуланта Ветеринарен Центар - д-р. Димче Велковски
- 24 часа грижа за миленикот
- 3800 м2 заградена тревна површина за истрчување и игра
- можност за кондициони припреми - на трака
- такси превоз
HOUSE of PRIDE
Одгледувачницата HOUSE of PRIDE е регистрирана од 12/12/02 со реден Бр. 55. По долгогодишно вкрстување на боксери од македонското поднебје, одгледувачницата не можеше да се пофали со некои посебни резултати во развојот на Германскиот боксер како раса.
За таа цел, одлучивме да набавиме квалитетни боксери од познати одгледувачници надвор од земјата. Со доаѓањето на Casper Von das Cer Gebirge почнаа освојувањата на првите титули, на кои подоцна им се придружи Fila Von Feketic.
Идејата на одгледувачницата е афирмирање и популаризација на расата во Р. Македонија, како и подобрување и подигување на квалитетот на Германскиот боксер.
Доколку го достигнеме посакуваниот резултат, ќе можеме да се гордееме што сме првата квалитетна одгледувачница во Р.Македонија.



