HOUSE of PRIDE
Одгледувачницата HOUSE of PRIDE е регистрирана од 12/12/02 со реден Бр. 55. По долгогодишно вкрстување на боксери од македонското поднебје, одгледувачницата не можеше да се пофали со некои посебни резултати во развојот на Германскиот боксер како раса.
За таа цел, одлучивме да набавиме квалитетни боксери од познати одгледувачници надвор од земјата. Со доаѓањето на Casper Von das Cer Gebirge почнаа освојувањата на првите титули, на кои подоцна им се придружи Fila Von Feketic.
Идејата на одгледувачницата е афирмирање и популаризација на расата во Р. Македонија, како и подобрување и подигување на квалитетот на Германскиот боксер.
Доколку го достигнеме посакуваниот резултат, ќе можеме да се гордееме што сме првата квалитетна одгледувачница во Р.Македонија.



